Во нашето училиште согласно насоките од Министерство за образование, наука и култура, за планот на активности за имплементација на Националната платформа за учење на далечина, се одржа дисеминација на обуките во траење од три дена 21. 09 - 23. 9 2020 г.
Дисеминацијата беше спроведена од страна на училишните обучувачи Благоја Ристески и Даниела Шапкароска, како и Василка Стојан, Маја Цветкоска и Слободанка Медароска - заменски обучувачи (секундарно ниво на обучувачи) кои беа номинирани од страна на училиштето, и кои посетуваа обука од сертифицирани национални обучувачи (примарно ниво на обучувачи).
Националната платформа беше презентирана со сите нејзини ресурси и активности и со тоа сите колеги се стекнаа со основните знаења и вештини за да ја спроведуваат и применуваат од 1 – ви Октомври со нашите ученици.
Воедно таа претставува основно средство за водење на он-лајн наставата и истата ќе биде претставена пред учениците за да можат и тие да ја научат и користат.
Подетални упатства можете да видите ТУКА.