Натпреварот се организира во основните и средните училишта во Македонија, за време на часовите. Се одвива преку компјутер, кој е поврзан на Интернет.
Натпреварот е одлична можност за учениците да се запознаат со основите на информатиката.
На натпреварот учествуваа 25372 ученици од Република Македонија, од голем број основни и средни училишта во државата.
Дабар е глобален настан, и на него земаат учество голем број на ученици од повеќе земји во светот. Во продолжение е дадена опширна листа на земјите кои учествуваа на натпреварот во 2018 година.
Наставниците кои учествуваа како ментори, заедно со учениците се здобија со сертификати за учество.
За повеќе информации посетете ја официјалната страна на натпреварот.