Годишна програма за работа на
Стручниот актив по јазично-општествена група предмети за учебната 2022/2023 година
Програмата за работа на Стручниот актив по јазично-опшетствени предмети е во корелација со плановите и програмите предвидени за образовна дејност по предметите македонски, англиски, германски јазик и историја.
Цели на Стручниот актив определени преку оваа програма се:
-примена на активна настава и кооперативно учење , со цел да се подобри наставата , односно нивниот квалитет и унапредување
-споделување на добри наставни практики
-зголемување на степенот на употреба на современа наставна технологија во реализацијата на наставните планови
-подобра подготовка на наставникот за релизирање на наставните планови и програми
-имплементација на најнови ИКТ трендови во образованието
-размена на искуства и стратегии за олеснување на учењето преку далечина
-унапредување на работата на учениците со посебни потреби
-разменување мислење со другите сродни и слични активи на ниво на општината
-активности за професионално усовршување на стручниот кадар
- реализација на интегрирани часови во наставата, Интеграција на ЕКО стандарди во наставата
- интерграција на МИО активности
-уредно водење на педагошка документација и евиденција
Предвидените цели ќе бидат реализирани преку состаноци кои ќе ги закажува претседателот на Стручниот актив,а за оваа година тоа е Никола Наумоски.
За претстојната учебна година Стручниот актив ги има предвидено следниве активности:
Август
1.Донесување на Годишна програма за работа на Стучниот актив за учебната 2022/2023 година и избор на претседател на активот
2.Подготовка за изработка на годишните и тематските планирања
3.Усогласување на новите наставни програми од оваа учебна година по предметите англиски и германски јазик
4.Потврдување на распределба на редовни задолженија на членовите од Стручниот актив
5.Размена на искуства за олеснување на наставата при далечинско учење
6.Разно
Септември
1. Планирање на активностите во новата учебна година
2. Усогласување, подготовка и изработка на критериумите и инструментите за оценување
3. Презентација на тема : “Формативно и сумативно оценување” од страна на Сирма Ставреска, наставник по англиски јазик
4. Разно
Ноември
1. Разгледување на календар за натпревари и развивање стратегија за учество на истите
2. Договор за училишен натпревар по македонски, англиски и германски јазик
3. Презентација на тема : “Јазични кометенции кај учениците од основнотообразование” од страна на Валентина Рубаноска, наставник по македонски јазик
4. Тековни прашања
Декември
1. Предлози за активности по повод патрониот празник на училиштето
2. Распишување на литературен конкурс во училиштето
3. Разгледување на успехот на учениците и анализа на напредокот во учењето.
4. Предлози за подобрување на на успехот
5. Разно
Јануари/Февруари
1. Известување за претстојните натпревари по македонски, англиски и германски јазик
2. Избор на ученици кои ќе учествуваат на натпреварите
3. Разно
Април
1. Презентација на тема:”Инклузија на ученици сопосебни потреби” од страна на Маја Цветкоска, наставник по германски јазик
2. Разно
Maj
1.Информации за одржаните натпревари и разгледување на постигнатите резултати
2.Тековни прашања
Jуни
1.Анализа на работата на Стручниот актив по јазично-општествена група на предмети за учебната 2022/2023 година
2.Дискусија, предлози и забелешки во однос на реализација на наставата и подобрување на истата
3.Анализа на постигнатите резултати од разни натпревари
4.Изработка на извештај за работата на стручниот актив
5. Разно
Програмата за работа на Стручниот актив по јазично-општествена група на предмети е флексибилна и може да претрпи измени во зависност од потребата на наставниците.
Претседател на Стручниот актив:
Мартина Гугоска