Цели на часот:
Учениците да го совладаат вокабуларот поврзан со празникот
Учениците да се запознаат со културните разлики и сличности. Да ги спознаат традициите, обичаите и земјите во кои се слави "Halloween"
Учениците да стекнат искуство со употреба на современи технологии како Аугментативна (Вметната) реалност
Потребни алатки:
Таблет или телефон
Апликацијата http://www.quivervision.com/
Печатач
хартија
боички (најубаво се гледа ако се фломастери или мрсно бои)
Тек на часот:
Запознавање со празникот - се гледа презентацијата и се разговара со учениците за сличностите и разликите со нашата култура и традиција.
Се повторува вокабуларот и се запишуваат новите зборови/изрази
Се делат на учениците испечатените помошни лисја за боење
Додека учениците ги пополнуваат, се разговара со нив за боите, формите кои ги користат, какви маски би сакале да прават доколку и кај нас се слави празникот. Кој им е омилен национален празник, зошто и сл.
Учениците ги скенираат цртежите и прават фотографии или видео со нив.