Нашето училиште беше наградено со две Европски ознаки за квалитет за целогодишната работа во еТвининг проектотите „Zero Waste“ и „All flowers of the world“.
Проектите траеја во текот на учебната 2018-2019 година. Беа одбележани со посебни активности во секој месец од годината. Активностите се одвиваа според плановите, кои беа споделени на почетокот од учебната година. Беа вклучени преку 100 учесници од сите европски земји во двата проекти.
Ова значи дека нашата работа, работата на учениците и нашето училиште е признаена на највисоко Европско ниво.
Како резултат на тоа наставниците и учениците вклучени во проектите добија сертификат, а проектите ќе се вметнат во посебен простор на Европскиот портал www.etwinning.net.