Право на учество имаат ученици од деветто одделение, кои ги исполнуваат следните услови:
покажуваат примерен однос во училиштето и надвор од него
имаат континуиран одличен успех
имаат учествувано на училишни натпревари (интерни, општински, регионални, државни, меѓународни)
имаат освоено награди, дипломи, признанија, благодарници
активно учествувале во слободни ученички активности, воннаставни активности како и во работата на ученичките организации и училиштето воопшто
Учениците кои ги исполнуваат горенаведените услови да се обратат кај класните раководители за дополнителни инфорации и помош при подготовка на документите.
Составеното портфолио да се достави кај училишниот педагог најдоцна до 19. Maj 2023 година.
Портфолиото треба да содржи:
мотивационо писмо
тестови
изработки од час
проекти
награди и сл. т.е. она со што ученикот ќе одлучи да се претстави пред комисијата.
Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите документи и според училишниот правилник за бодување, ќе состави кандидатска листа за избор на ученик - првенец на генерација.
На крајот на учебната година, Наставничкиот совет ќе го прогласи ученикот - првенец на генерација.