По повод патрониот празник на училиштето , кој се одржува на 4. Јануари, се распишува конкурс за ликовна и литературна творба под мотото: „Сакам свет полн со љубов“.
Ликовното творење ќе се одржи во понеделник (26. 11. 2018) во 11: 00 часот, во просториите на училиштето. Право на учество имаат учениците од прво до деветто одделение.
Комисијата која ќе ги оценува творбите се состои од тројца наставници.
Литературното творење исто така ќе се одржи во училиштето, меѓутоа во вторник (27. 11. 2018).
Изборната комисија ќе се содржи од тројца наставници.
Наградените творби ќе бидат изложени во холот на училиштето а учениците ќе бидат пригодно наградени.