Во соработка со основното училиште Братство единство од Охрид, нашето училиште оствари заеднички настап на кој учествуваа ученици од деветто одделение од двете школи. Учесниците ги застапуваа националностите на Република Македонија.
Точката беше спремена преку повеќе заеднички средби на учениците и беше сплет од турски, албански и македонски песни и ора. Со тоа беше претставено богатството на култура, традиција и обичаи на нашата држава.