На ден 09.09.2022 година (петок) беше изведен есенски излет.
Места на реализација:
Посета на охридското кале - Самуилова тврдина,
Св. Климент Плаошник,
куќата на Робевци.
Цели и задачи:
Учениците да се запознаат со предметите и појавите во нивната природна средина и во нивните животни услови и на тој начин да ги прошируваат своите знења,добиваат сознанија за одделни подрачја од животот и работата на луѓето и да се запознаваат со природните убавини на поширокото опкружување .
Учениците да ги воочуваат и откриваат убавините на природниот амбиент и сетилните искуства да ги трансформираат во чувства и доживуваат кои ќе знаат да ги изразат преку збор, ликовно творешто или мелодиски.
Стекнување на конкретни знаења и систематизирање на стекнатите знаења, предвидени со наставниот план и наставните програми според нивната возраст.
Учениците по пристигнувањето прво ја посетија Самуиловата тврдина каде следеа кратко запознавање со нејзиното значење и ја разгледаа истата. Потоа се упативме до црквата Св. Климент - Плаошник, каде имаа време кратко да разгледаат и да се запознаат со црковното и историското значење на овој локалитет. Потоа направивме кратка пауза за одмор и јадење во дворот на црквата Св. Богородица и продолживме до Античкиот театар. Истиот го разгледаа и се запознаа со неговото културно-историско значење.
Picture by Hans Põldoja - originally posted to Flickr as Ohrid, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=9066065
Од тука се упативме према куќата на Робевци и воедно ја посетивме и спомен куќата на Христо Узунов. Во двата локалитети кустосите од Завод и музеи Охрид на учениците детално им ја раскажаа историјата и им го објаснија одделно значењето на голем дел од изложените културно-историски примероци. Направивме детално разгледување на двата објекти, учениците дополнително прашуваа и добиваа детални објаснувања на сите прашања.
Потоа се спуштивме покрај црквата Св. Софија, ги видоа работилниците за охридски бисер на старите мајстори Тилеви и Филеви па се упативме до местото одредено за собирање и тргнување назад . Со тоа во есенскиот излет заврши и во целост беа остварени поставените цели. Учениците меѓусебе другаруваа и соработуваа, ги проширија стекнатите знаења,а воедно стекнаа и многу нови знаења и сознанија за богатото културно-историско минато на градот Охрид.